Потпишан Договорот за изработка на електронски продавници

Bez autora
Jun 27 2012

Министерот за информатичко општество и администрација, Иво Ивановски, во вторник го потпиша договорот за едногодишно хостирање на 31 веб продавница за правни лица со сопственикот на фирмата носител на набавката Акселтра ДООЕЛ експорт-импорт Скопје, Адмир Беќирагиќ. Станува збор за проект кој се одвиваше во првото тримесечје на годината во рамките на кој беа понудени 31 бизнис план. Следуваа јавни набавки со електронска лицитација спроведени од Министерството за информатичко општество и администрација, со можност за наддавање и избор на најдобрите. Во рок од три месеца ќе треба да се изработат овие бизнис планови. Во текот на конкурсот за избор на најдобри е-бизнис планови за отворање на електронска продавница, право за учество имаа сите правни и физички лица во Република Македонија.

Потпишан Договорот за изработка на електронски продавнициМинистерот за информатичко општество и администрација, Иво Ивановски, во вторник го потпиша договорот за едногодишно хостирање на 31 веб продавница за правни лица со сопственикот на фирмата носител на набавката Акселтра ДООЕЛ експорт-импорт Скопје, Адмир Беќирагиќ.

„Станува збор за проект кој се одвиваше во првото тримесечје на годината во рамките на кој беа понудени 31 бизнис план. Следуваа јавни набавки со електронска лицитација спроведени од Министерството за информатичко општество  и администрација, со можност за наддавање и избор на најдобрите. Во рок од три месеца ќе треба да се изработат овие бизнис планови“, изјави Ивановски.

Во текот на конкурсот за избор на најдобри е-бизнис планови  за отворање  на електронска продавница, право за учество имаа сите правни и физички лица во Република Македонија.

За најефикасните пет електронски продавници, Министерството за информатичко општество  и администрација ќе додели награда за уште една бесплатна година за користење, како и дополнителен електронски каталог за 50 производи.

Меѓу фирмите кои се здобија со правото да бидат корисници на електронски продавници се најдоа Форнет, Магна, Вино online,  Инвест медиа, Тотем дизајн, Мобил стоп и други.

„Во соработка со Министерството за економија во наредниот период ќе се распише конкурс за дополнителни 50 веб продавници“, информира министерот Ивановски.

Според податоци од Државниот Завод за статистика во првото тримесечје од 2011, само 4,1 отсто од корисниците на интернет, направиле нарачки преку интернет за купување на стоки и услуги за лична намена, додека 6,7 отсто тоа го направиле во последните 12 месеци, најмногу за купување на облека или спортска опрема, односно 20,4 отсто.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik